АКТУЕЛНО

„Комунална хигиена“ бара инспекциите да казнуваат оти се фрла ѓубре насекаде

Околу 1.600 кубни метри отпад од диви депонии се исчистени во месец јуни, информираат од ЈП „Комунална хигиена“. Од претпријатието велат дека секој ден се соочуваат со мини депонии на јавни површини и затоа бараат надлежните да казнуваат според Законот за јавна чистота.

„И покрај фактот дека основната дејност на претпријатието е собирањето и транспортот на комуналниот отпад од домаќинствата и правните субјекти, екипите секојдневно се максимално ангажирани за извршување вонредни активности како што е расчистувањето диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини“, велат од ЈП „Комунална хигиена“.

Од таму апелираат до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнери, канти или корпи за отпадоци.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Центар ќе ги награди најдобрите наставници

Општина Центар ќе ги награди најдобрите наставници од одделенска и од предметна...

АКТУЕЛНО

Никој не знае кога и дали автобусот воопшто ќе дојде

Жители од населбата Маџари реагираат на нередовност на автобусите на ЈСП „Скопје“...

АКТУЕЛНО

Пролетна депресија – што е и како да ја надминеме?

Сезонската депресија се јавува при нагли промени на температурата кои се манифестираат...

АКТУЕЛНО

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Денес поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот...