КУЛТУРА

Групна изложба „Четирите мајстори на модернизмот“

Град Скопје и Културно информативниот центар  ќе отпочнат со реализација на европскиот проект  – CreArt 3*, со програмската активност ,,Европски месец на креативноста“.

* CreArt (Мрежа на градови за уметничко творештво) е мрежа на европски градови со средна големина, предводена од Ваљадолид (Шпанија), која работи од 2012 година, со цел да ја поттикне креативноста и да го максимизира економскиот, социјалниот и културниот придонес што визуелните уметности можат да го дадат во нивните локални заедници, преку соработка во постојана програма за европска размена за нови креатори.

Град Скопје е составен дел од меѓународниот проект CreArt 3 (Network of Cities for Artistic Creation )-Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претставува европска мрежа која обединува 13 градови и од јавни и приватни културни институции. Со овој проект, Град Скопје внесува иницијативи во културниот живот во Скопје во полето на визуелните уметности преку воспоствување на нови меѓународни партнерства и размени.

На 10.05.2024 со почеток во 20:00 часот во галеријата Империјал 1, во Културно информативниот центар ќе биде отворена групната изложба насловена: „Четирите мајстори на модернизмот“.

Групна изложба на студенти од осмиот семестар на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности.

Учесници: Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти од четврта година на студиската програма Сликарство на Факултетот за ликовни уметности, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата „Четирите мајстори на модернизмот“ е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Изложбата ќе биде поставена до 31.05.2024 година.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...