СКОПСКИ ВЕСТИ

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура ги распиша конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година.

Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на државата. Наградата се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјава.

Со државната награда „22 Ноември“, пак, се оддава признание на личностите од политичкиот, културниот и општествениот живот во нашата држава кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

Во соопштението се посочува дека конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“ за 2024 година траат од 1 до 31 мај 2024 година.

Конкурсите се објавени и на веб–страницата на Министерството за култура.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

Утре ќе се одржи првиот „Dog Fest” во Скопје

Утре (18 мај) со почеток во 12 часот во „Hera Happy friendly...

СКОПСКИ ВЕСТИ

„Радикално Навивање“- Изведба за танцот како форма на протест

Локомотива ги кани гледачите да ја проследат  „РАДИКАЛНО НАВИВАЊЕ“, втората претстава во рамки...

СКОПСКИ ВЕСТИ

В сабота герила акција „Трчаме за чиста Матка“

Комисијата за животна средина при Федерацијата на планинарски спортови, оваа сабота, на...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во Скопје се отвори прв Центар за поддршка и советување на мажи

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување вчера во Скопје отвори...