АКТУЕЛНО

Никој не знае кога и дали автобусот воопшто ќе дојде

ГРАЃАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД НЕРЕДОВНОСТА НА ЛИНИЈАТА „3-Б“.

Жители од населбата Маџари реагираат на нередовност на автобусите на ЈСП „Скопје“ и непочитување на возниот ред. Гневни се, бидејќи чекаат и по 45 минути и затоа редовно доцнат на работа, а учениците во училиште.

Мартин Ангеловски се жали дека подолг временски период ЈСП има крајно неодговорен однос кон населението кое што живее на улицата „Перо Наков“, во областа кај поранешна А1 телевизија. Тој вели дека на оваа линија се движи автобусот со број „3-Б“, но понекогаш или воопшто го нема.

– Никој не знае дали ќе дојде, дали нема да дојде или може ќе задоцни само 45 минути. Бидејќи ова е единствениот автобус што вози на оваа релација, исклучително е битно да биде редовен, дотолку и почест во однос на распоредот поставен на страната на ЈСП, кој што е само фиктивен – нагласува Ангеловски.

Тој смета дека ваквиот однос кон граѓаните на ова населено место е крајно понижувачки и несериозен.

– Во 21 век, кога главната тенденција е да се користи јавен превоз, и треба да е императив на секој одговорен граѓанин, тоа не е можно благодарејќи токму на ЈСП. Луѓето не можат да се потпрат на распоредот на овој автобус, и редовно доцнат на работа или било кое друго место – дециден е Ангеловски.

Тој наведува пример кога поради тоа што автобусот со број „3-Б“ не се појавил речиси ниту еднаш во предвиденото време (со чекање на автобуска станица во просек од 30 до 45 минути), за неколку дена за такси дал 2.000 денари.

Верица Буканова додава дека не е само за на работа, туку децата одат пеш и до Маџари да можат друг автобус да фатат за да стигнат до училиште и повторно доцнат.

– Ова не е во ред – реагира таа и воедно прашува како може во недела по 13:18 часот да нема „3-Б“. Последната тргнува во 13:18 часот од Кванташки пазар, а од Панорама во 14 часот. Срамота е ова – револтирана е Буканова.

Ружица Проданова наведува дека непридржувањето кон возниот ред на автобусите на јавниот градски превоз е проблем на сите линии.

– Сите што користиме јавен превоз однапред го плаќаме, плаќаме за услуга што не ја добиваме. Контролорите се однесуваат како шерифи, а ги има само тогаш кога случајно ќе пуштат автобус во точно време спрема возниот ред и ако нема гужва. А кога чекаме по 40 минути минимум, кога во автобус стоиме на една нога, тогаш нема контрола – вели таа.

Таа додава дека вака ќе биде се додека некој не добие одредена санкција и казна, кога од некој ќе се побара одговорност.

– А дотогаш ништо, ние само ќе си чекаме, ќе се гужваме и ќе дебатираме на социјалните мрежи, а тие и понатаму ќе продолжат со своето нехумано однесување спрема нас патниците – наведува Проданова.

Од Општина Гази Баба признаваат дека секојдневно примаат реакции од страна на граѓаните во врска со проблеми поврзани со нередовноста на јавниот превоз на повеќе автобуски линии. Оттаму велат дека во рамки на своите надлежности ќе достават барање до ЈСП за надминување на состојбите, за што очекуваат позитивен одговор по истото.

Од Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не одговорија на прашањата на весникот Вечер: Која е причината за ваквата состојба со јавниот превоз, односно дали се работи за недостиг на автобуси, на возачи…? Ниту пак на тоа: Дали претпријатието ќе преземе нешто и што ќе биде тоа за да се подобри состојбата?  

ИЗВОР: Вечерпрес.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...