МАГАЗИН

Венеција заработи речиси милион евра со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975.000 евра во првите 11 дена од пробниот период.

Билетот кој првпат беше воведен на 25 април се наплаќа по стандардна цена од пет евра. Градот вчера објави дека продал повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата.

Влезот ќе се наплаќа речиси секоја сабота и недела до средината на јули, кога градот ќе ја прегледа цената.

Како општо правило, целодневните посетители меѓу 8:30 и 16 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Доколку не го сторат тоа би можеле да платат казна од 300 евра.

Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.

Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот. Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Дел од најагресивните раси кучиња

Некои раси кучиња се посклони кон агресивно однесување од останатите, па поради...

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...