АКТУЕЛНО

„РУЗВЕЛТОВА“ – УЛИЦА НА СПРОТИВНОСТИ, СПОЈ НА СТАРОТО И МОДЕРНОТО

Ако тргнете на прошетка по улица „Рузвелтова“ во делот од Елена Лука кон булевар „Партизански одреди“ ќе забележите дека оваа улица е всушност улица на спротивности, судир на старото и новото.

Од десната страна на улицата се наредени едно до друго трошни куќарки едвај по еден метар висина вкопани во земја кои се веќе ретка глетка во градот. Тие се репрезент на едно друго време кога Скопје немаше повеќекатници и индивидуалното домување во вакви куќи беше прилично застапено. Во тоа време на прсти се броеја палатите или големите куќи во Градот. Оваа класа на луѓе кои можеле ова да си го дозволат биле навистина малку и сите ги знаеле.

А сега, ситуацијата е во голема мера променета. Палати за индивидуално домување на секој чекор. Токму затоа од левата страна на улицата сликата е драстично поинаква. Мини згради со дуќани во приземјето гордо стојат бранејќи ги боите на модерно Скопје со фасади во најразлични бои.

Од општина Центар изјавија дека оваа локација која е опфатена во планското решение на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Буњаковец 2, плански период 2011-2016 е донесен со одлука на Советот на Општина Центар број 07-9331/10, на 10.12.2012 год.
„Согласно наведената планска документација, од левата страна на ул. „Франклин Рузвелт“, во потегот од ул. „Владимир Полежиновски“ (именувана во планската документација со старото име како ул. „Иван Милутиновиќ“) до ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ предвидени се шест градежни парцели (ГП 6.01, ГП 6.03, ГП 6.05, ГП 6.07, ГП 6.09 и ГП 6.11) со намена А2 – Домување во станбени згради, со максимална катност од 19.2 метри и катност од П+5+Пк, како и локација со намена Д1 – Парковско зеленило“, изјавија од општина Центар.

Значи и од оваа страна на Рузвелтова ќе никнат згради, според Деталниот урбанистички план за овој дел од градот. Прашање на време е кога и оваа страна на улицата ќе се модернизира и големите инвеститори ќе се офајдат продавајќи метар квадратен по 2000 евра.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Кучешки маскенбал во Скопје

Во организација на ЈП „Лајка“ вчера во градскиот парк се одржа максенбал...

АКТУЕЛНО

Центарски улици 2 – Светски ден на уметноста

Уметноста е забележан момент. Смрзната слика која мигот го отсликува, поставен како...

АКТУЕЛНО

Бесплатни билети за учениците од Центар во театар за деца и младинци

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски потпиша Меморандум за соработка со Националната установа „Театар...

АКТУЕЛНО

Конечно, тргнати новогодишните куќарки од плоштадот

Град Скопје вчера ги тргна новогодишните куќарки од Плоштад Македонија. Екипи од...