МАГАЗИН

Клучни правила за децата и употребата на технологијата

Повеќето родители се грижат за односот на нивните деца со технологијата, од времето што го поминуваат гледајќи во екраните до нивните интеракции на социјалните мрежи. Терапевтот Андреа Брамбила сподели дека на своите деца им дозволува време на екранот, но со цврсти граници.

Брамбила, терапевт и мајка на две деца, на нејзиниот инстаграм-профил објави видео во кое наведува пет правила за нејзините деца: без лични уреди во простории со затворени врати, без мобилни телефони пред 12-годишна возраст, без социјални мрежи пред 16-годишна возраст, екраните се најмалиот дел од нивниот ден и тие треба да комуницираат преку технологијата како што би комуницирале и во реалниот живот.

Брамбила ја објасни својата одлука: – Апсолутно нема ништо лошо во технологијата, барем според мое мислење. Сите грижи за технологијата доаѓаат од начинот на кој таа се користи. Тоа значи дека како родители, имаме можност да поставиме граници кои сметаме дека се правилни.

Таа додава дека дозволува пристап кој има смисла. Во објавата таа напиша: – Мојот син ужива да игра видеоигри со своите пријатели, па му дозволуваме да го прави тоа, но со ограничувања. Понекогаш има пристап, а понекогаш нема. Има ограничувања околу комуникацијата со непознати, и ако тие граници се прекршени, последицата е тоа што игрите се ограничени.

Начинот на кој Брамбила ги спроведува овие правила е така што таа им ги објаснува на децата.

– Им кажуваме на нашите деца зошто се поставени овие граници. Дали секогаш им се допаѓаат границите? Не. Но, барем тие разбираат зошто се поставени – истакнува таа и вели дека нејзиниот пристап ќе се промени како што ќе растат децата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...