РИТАМ НА ГРАДОТ

Изложба на Марија Јаќовска и свирка на „Кокиче“ на 10. мај во Буква

Во скопската кафе-книжарница „Буква“ на 10. мај од 21 часот ќе се одржи изложба на Марија Јаќовска, но и свирка на бендот „Кокиче“.

„Марија Јаќовска е дипломирана графичарка и воедно мултидисциплинарен уметник. По завршувањето на студиите има спремено изложба на колажи и слики во комбинирана техника, кои ќе можете да ги видите во петок.

Кокиче е бенд во кој се Филип Методиев на гитара, Дарио Циевски на тапани и електроника, Теодор Јуруковски на синтисајзер и Раде Биковски на бас (кој за жал нема да не дружи овој пат). Свират импровизирана музика околу теми кои шараат од џез и класика до некаков си рок и ноиз. Сѐ уште млади како бенд, полека но сигурно го обликуваат својот звук кој се состои од детски мелодии, богати хармонии и чудни звуци со шашави тапани“, се вели во најавата за настанот во „Буква“.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

РИТАМ НА ГРАДОТ

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“ на Елеора Венинова

Вечерва со почеток од 20 часот во Киноверзум – Дом на култура...

РИТАМ НА ГРАДОТ

Голема ретроспективна изложба на сликарот Мирослав Масин е поставена во Даутпашин амам

Ретроспективната изложба на извонредниот македонски сликар и еден од ретките боеми кај...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

РИТАМ НА ГРАДОТ

„ВИДИК“ — нов фестивал во организација на Литература

Утре во Кафе Книжарницата „Литература“, заочнува новиот фестивал „ВИДИК“  организација на Literatura.mk....