КУЛТУРА

Авторката за деца Зејнеп Севде Паксу од Турција ќе гостува на „Литера“

Со гордост објавуваме дека оваа година на Фестивалот „Литера“ ќе имаме чест да ја пречекаме Зејнеп Севде Паксу, водечка турска авторка на книги за деца и сопственичка на издавачката куќа „Тазе китап“. Со нејзиниот впечатлив талент и страст за литературата за деца, Паксу ќе биде специјален гостин на Фестивалот, заедно со илустраторите и автори Угур Алтун и Гизем Ѓозде Учар. Фестивалот „Литера“ ќе се одржи од 15 до 18 мај, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Во светот на литературата за деца, Зејнеп Севде Паксу е препозната како креативна сила која го збогатува и развива ова поле со своите високо оценети приказни. Нејзината сликовница „Коалата што не можеше да заспие“, во превод на Анета Матовска, во издание на „Прозарт медија“, е објавена на македонски јазик. Автор на илустрациите е Серхат Албамја.

Зејнеп Севде Паксу ја истакнува важноста на развивањето на литературата за деца преку инвестирање во образованието и креирање на оригинални содржини што ги вплетуваат традициите и вредностите на Истокот. Нејзината посветеност на ова поле ја прават идеална гостинка за Фестивалот „Литера“, каде што ќе имаме можност да разговараме за нејзиниот влијателен работен процес и водечката улога во развојот на литературата за деца во Турција и пошироко. Македонската читателска публика ќе ја запознае Паксу на специјален книжевен настан, закажан за 16 мај во Експо зона во МКЦ, со почеток од 12 часот, каде што ќе имаат можност и присутните да се вклучат во разговорот со неа.

– Ви гарантираме дека присуството на Зејнеп Севде Паксу на Фестивалот „Литера“ ќе биде вистинска мотивација и инспирација за сите љубители на литературата за деца. Не пропуштајте го датумот кога таа ќе има свое обраќање пред македонската публика и ќе разговара за нејзината работа и она што ја води во процесот – велат организаторите.

Кариерата ја започнува во 2001 година. Работи како известувач, уредник, преведувач, директор на издаваштво, автор на книги за деца и референт за авторски права во различни медиуми. Нејзината прва книга за деца е издадена во 2009 година. Досега има објавено над 15 книги за деца.

Во рамките на „Литера“, од 15 до 18 мај, ќе биде организиран и Саем на литература за деца, на кој македонските издавачи ќе имаат можност да ги претстават своите најнови изданија. Освен тоа, ќе
се организираат средби со автори и промотивни настани.

Меѓународниот фестивал „Литера“ се гордее со портфолиото од успешни изложби што ги
организира, привлекувајќи голем број посетители и влијателни гости од целиот свет. Од
македонски доајени во илустрацијата, каква што беше изложбата на Димитар Кондовски, до
многубројните странски илустратори што го посетиле фестивалот, Младен Туниќ, Доминик
Вуковиќ и многу други, „Литера“ продолжува да ги поддржува и да ги промовира квалитетната
литература и илустрацијата за деца.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

КУЛТУРА

Разни поетски настани, домашни и странски учесници на годинешниот „Скопски поетски фестивал“

Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒...

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...