АКТУЕЛНО

Кај нема автобуси, па и остануваат дефект

Автобус на ЈСП „Скопје“ денеска остана дефект на булеварот Партизански одреди кај Градежен факултет. Патниците кои се возеа во него беа симнати од автобусот и возачот им рече да фатат друг бидејќи возилото е расипано и чека да биде сервисирано и однесено во гаража.

„Кај нема автобуси, фали уште да се расипуваат. Сега додека дојде друг ќе се изначекаме“, коментираа патници кои се симнуваа од возилото.

Пола година јавниот превоз во Скопје е во колапс. Откако приватниците престанаа да возат оти градоначалничката Данела Арсовска престана да им плаќа и им должеше 1,5 милиони евра, на улиците нема доволно автобуси. ЈСП „Скопје“ нема капацитет да ги покрие линиите на кои сообраќаа приватниците, па патниците со саати чекаат автобус.

Арсовска најави дека оваа недела ќе се вратат приватниците на улиците, но автобуси уште нема.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Општина Центар ќе ги награди најдобрите наставници

Општина Центар ќе ги награди најдобрите наставници од одделенска и од предметна...

АКТУЕЛНО

Никој не знае кога и дали автобусот воопшто ќе дојде

Жители од населбата Маџари реагираат на нередовност на автобусите на ЈСП „Скопје“...

АКТУЕЛНО

Пролетна депресија – што е и како да ја надминеме?

Сезонската депресија се јавува при нагли промени на температурата кои се манифестираат...

АКТУЕЛНО

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Денес поради одржување на манифестација по повод годишнината од смртта на македонскиот...