ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè, но поддршката од брат ми ме остави на тркачките стази

Трикратниот европски БМУ шампион Христијан Бузалковски говори за тоа како почнала неговата љубов кон моторите, кој бил негова најголема поддршка и дали е лесно да се биде најдобар мотоциклист во земјава.

Малкумина знаат дека во Скопје живее 27-годишно момче, кое е единствениот Македонец што освоил три титули на БМУ Eвропскиот шампионат и еден од најдобрите мотоциклисти во Европа. Иако млад, ваквиот успех за него не е изненадување, со оглед на фактот што тој со моторите е во “врска“ уште од неговата шеста година.

Пред неколку дена тој го промовираше својот нов мотор и нова сезона во која ќе се натпреварува во класата до 1000 см3, што за него и неговиот тим „71 Team“ ќе биде ново и поразлично искуство од досегашните натпреварувања.

Со Христијан разговараме за неговите почетоци, за тоа од каде толкава љубов кон моторите и кои се неговите идни планови.

„Мотор имам од шест години, кога татко ми купи електирчно моторче на кое многу му се радував. Тогаш почна се. Како поминуваа годините моите ми купуваа се подобар и подобар мотор, но никако не доаѓаше оној момент да родителот го пушти своето дете на стаза да се трка. Секако, страста за моторите ми е наследна, со оглед дека сите во моето семејство возат мотори. Па така и јас уште додека бев многу мало дете почнав да покажувам интерес за нив, дома си играв со кацигите и прифаќав само играчки мотори“, вели Христијан.

Кога доаѓа веќе во неговите тинејџерски денови, почнува и неговата страст и желба да биде на стази, но и моментите за тоа дали ќе ја добие потребната подршка за да ја освари својата цел или не.

„Кога бев во моите средношколски години, односно во 2014 година, за прв пат кај нас започна ‘САКАМ МОТО КУБ’  или трки на картинг патека со кросеви. За мојот успех и она што сум денес ‘одговорен’ е брат ми, кој тогаш ме поддржа во сето тоа и почна мојот моторџиски пат. Еден ден тој дојде кај мене во училиште, јас тогаш бев 3. година средно и ме праша дали сакам да се пријавам на трките. Нормално, прифатив со голема радост. Но, моите родители не ме подржаа, беа против тоа, бидејќи за нив тоа беше ризик, скап спорт, залудно трошење време. Сепак, ние не се откажавме од нашата желба, собравме пари и сами си го направивме моторот кој што го имавме во гаражата‘‘, раскажува младиот мотоциклист.

Ова била негова прва трка на македонски стази, но и последна што ја извозел во земјава.

„Отидовме на првата трка со најнеконкурентниот мотор што може да постои, но сепак освоивме второ место. Сите ни се чудеа како може, иако нашиот мотор не беше како на другите, а сепак да е меѓу првите три најдобри. Но, наградата беше во наши раце“, додава Христијан.

Дека работите не секогаш оделе како подмачкани и дека на патот на успехот минувал низ бројни пречки и предизвици, Христијан зборува и за моментите кога го губел сопствениот мотив, но и за тоа со чија поддршка и како сепак на крајот успеал до целта.

„Од тогаш сите го тераа татко ми да ми купи мотор, се до еден момент кога конечно ми купи мотор кој беше многу подобар од претходниот. На следната трка повторно освоив 2-ро место со тоа што паднав. Веќе на 3-тата трка конечно победив, го срушив рекордот и го освоив шампионатот. После тоа, го продадов тој мотор што го имав и купив брзински. Го подготвував за да одам да се натпреварувам на интернационално ниво. Но, сега веќе и со подршка од дома. За жал, на првата трка моторот се расипа. Кога тоа се случи, родителите веднаш почнаа да ме демотивираат од типот дека тоа било доказ дека нема да успеам, дека е тешко и слично. Тоа беше период кога бев во огромна дилема дали да се откажам или да продолжам. Но, брат ми како моја најголема поддршка не дозволи да паднам психички и да се откажам. Заедно со него го поправивме моторот, го средивме и јас повторно се тркав и освоив 4-то место. Тоа беше една пресвртница, кога почнаа да се појавуваат и спонзори, да добивам и максимална поддршка од моите дома. Сега веќе постигнавме доволно, оваа ќе ни биде 10-та сезона‘‘, кажува Христијан.

Со неговите три освоени европски титули, од 2021 година до 2022 година, па се до денес овој наш мотоциклист нема изгубено ниту една трка. Од мај до септември го очекуваат 24 трки, густ распоред и многу патувања низ земјите на Источна и Централна Европа.

„Мојата иднина ја гледам на стазите за тркање и планирам да ја градам кариерата на сѐ поголемо ниво. Желба ми е еден ден да бидам најдобар светски тркач“, завршува Христијан.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Во Македонија има убави крупни жени, но треба да им се даде поголема видливост

Последните неколку години на модните писти зачекорија и девојки/жени со облини како...

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

МУАБЕТ СО ЕЛЕНА КОПРТЛА ЗА ГРАДОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ФИЛМОТ 

Вчеравечер во Бруталиск се одржа промоција на книгата „Градот и идентитетот –...