ГРАДСКИ МУАБЕТИ

МУАБЕТ СО ЕЛЕНА КОПРТЛА ЗА ГРАДОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ФИЛМОТ 

Вчеравечер во Бруталиск се одржа промоција на книгата „Градот и идентитетот – филмски репрезентации“ од Елена Копртла.

Книгата настанува како резултат на тригодишно опсежно истражување кое авторката го подготвува како докторска дисертација за која добива највисоки оценки на Филозофскиот факултет во Загреб, отсек книжевност, уметност, филм и културни студии.

Мадрид и е омилен филмски град заради авангардниот режисер Педро Алмодовар, кој според неа одлично го има претставено на филмското платно. Токму затоа планира набргу да го посети.

На промоцијата поразговаравме со неа околу книгата и нејзините идни планови.

На кого ја препорачувате вашата книга? На која публика се обраќате?

КОПРТЛА: Книгата се обраќа најмногу на групата филмофили како и на онаа академска фела која се интересира за социологија, анропологија,архитектура. Некој потесен круг на читатели, но тоа сепак е научна студија, не е популарна литература.

Колку филмската географија влијае на негова интерпретација?

КОПРТЛА: Филмот е моќен медиум, без разлика дали го гледате од аспект на филмска географија, социолошка димензија влијае секако на самиот начин на кој го доживуваме. Филмот и филмската географија како алатка во анализа на градовите денес доста влијае.

Со оваа книга сакам да прикажам како филмската географија ги третира градовите и секојдневието како креатори на значења и дефинирање на идентитетот на граѓаните и да ги истакнам начините на коишто урбаните простори ги исцртуваат специфичните културни и историски значења и нивната активна улога во идентитеските дискурси по 2000 година.

Кои режисери најуспешно ги третираат градовите?

КОПРТЛА: Вим Вендерс, познат по road movies карактеристичен е по тоа што оди во различни градови, од Њујорк, Минхен, Амстердам и секако Алмодовар и неговите интерпретации на Мадрид.

Кој режисер најдобро тоа го прави оттука?

КОПРТЛА: Тоа се многу малку имиња, со тоа што јас не давам критички осврт на филмовите туку ги анализирам од друга перспектива. Милчо Манчевски, каде во сите негови филмови се провлекува Скопје, од постарата генерација е и Бранко Гапо, и Димитрие Османли, средната генерација со Владимир Блажевски, од новата генерација Кристијан Ристeски со Снежана на крајот умира и уште доста имиња.

Со тоа што треба да направиме разлика дали е скопски филм само заради тоа што е снимен на локации во Скопје или самиот филм му дава на градот некоја друга димензија. Дали има некаков критички однос кон градот, дали го реобмислува градот, значи тоа зависи од режисерот колку добро или колку лошо ќе го направи.

Што ти беше најтешко при пишување на оваа книга?

КОПРТЛА: Најтешкиот дел беше да се изберат филмовите од бившите простори на Југославија. Реално нема голема продукција на филмови оттогаш, порано се снимало попвеќе партизански филмови, фолклорини и старите филмови тешко се наоѓаат.

Кој акцент е ставен при анализа на Скопје, Сараево,Белград и Загреб?

КОПРТЛА: Смената социјализам во постсоцијализам. Транзицијата, менувањето на градовите, именувањето на нови имиња на улиците, менувањето на архитектурата која за разлика од другите градови каде беше најчесто заради воени дејствија во Скопје тоа се случуваше во мирнодопски услови. Се направи сосема ново лице на градот, менување на споменици, цели Плоштади…

Што планираш во иднина да пишуваш?

КОПРТЛА: Во план ми е проширување на истражувањето во една помала книшка за филмско читање на градовите со филмови и режисери кои не се опфатени во оваа книга како на пример целиот италјански неореализам на чело со Федерико Фелини

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè, но поддршката од брат ми ме остави на тркачките стази

Малкумина знаат дека во Скопје живее 27-годишно момче, кое е единствениот Македонец...

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Во Македонија има убави крупни жени, но треба да им се даде поголема видливост

Последните неколку години на модните писти зачекорија и девојки/жени со облини како...