ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Во Македонија има убави крупни жени, но треба да им се даде поголема видливост

Фросина Фран Ангеловска, моден дизајнер и стилист вели дека плус сајз жените со облини, на голема врата доаѓаат и кај нас. 

Последните неколку години на модните писти зачекорија и девојки/жени со облини како резултат на популација која е во постојан пораст наспроти слабите девојки. И модната индустрија се освести и ги стави во игра. Во светот, Ешли Грем е едно од водечките имиња која меѓу првите зачекори на модните писти и ги урна сите стереотипи за “УБАВОТО”! Убавото нема врска со големината. Убавото е убаво заради самото себе. Заради чувството, заради енергијата.

На оваа тема поразговаравме со Фросина Фран Ангеловска, моден дизајнер и стилист и водечко име од plussize моделите кај нас.

Дали сметаш дека кај нас се разбиени стереотипите околу убавината на женското тело?

ФРАН: Во целост не, но мали ситни чекорчиња се прават во таа насока. Сите брендови во светот се трудат да бидат по инклузивни и плус сајз девојки се почесто се појавуваат на модните писти, кампањи за долна облека и слично, па откако табуата се разбија, „таму некаде“, полека и кај нас се усвојува тој менталитет.

Додека во светот, водечки имиња како Ешли Грем на голема врата се појавуваат, кај нас најверојатно доцнат со прифаќање на оваа популација која е во пораст. Кога ќе случи промената на свеста и дали за тоа се заслужни и модните дизајнери и ќе воведат и плус сајз модели?

ФРАН: Македонија и Балканот општо е поднебје каде има навистина убави крупни жени кои имаат свое место под сонцето. Ешли Грем е секоја трета од нив 🙂 и треба повеќе да си го цениме тоа, односно да им се даде поголема видливост. Јас сум по професија дипломиран моден дизајнер и сум била модел за своите парчиња од franplusfashion.

Што е за тебе убаво женско тело?

ФРАН: Убаво женско тело е секое кое зрачи со самодоверба. Јас им се восхитувам истовремено и на Адријана Лима и на Ешли Грем, Изабел Гулард, Бијонсе и Били Ајлиш. Ниту една од нив нема заедничка точка со другата а истовремено сите се толку прекрасни!

Кој е вашиот следен проект?

ФРАН: Моментално сме преокупирани со модели по нарачка, односно ги подготвуваме овогодинешните матурантки, невести и слично. Штом се подослободиме прв планиран проект ми е нова плус колекција со тоа што franplusfashion ќе се фокусира повеќе на коктел и свечени парчиња, секојдневните ќе им ги препуштиме на конфекциите.

Во основа на модата е промената. И како таква треба постојано да се менува и надградува со оглед на општествените промени и промените на свеста. Разбирањето на модата треба да придонесе за разбирање на нас самите и нашето дејствување во општеството. Иако естетиката треба да биде суштина на самата мода сепак со текот на годините таа отпаѓа и едноставно потребата нешто да биде „ново” станува одлучувачки фактор. Модата нема крајна цел кон која тежнее. Таа постојано прави површински промени и со самото тоа таа е во постојана игра меѓу заборавот и сеќавањето. Зошто здолништата стануваат кратки ? Затоа што претходно биле долги. Зошто стануваат долги? Затоа што претходно биле кратки. Модата нема длабока философија освен заради самата себе што бара постојана промена, која пак повлекува низа други побарувачки во ова потрошувачко општество во кое живееме.

Настрана ова, тука се и  трендсетерите што слепо ја следат истата без разлика дали им прилега или не. Има една важна работа поврзана со модата. СТАВОТ! Не е само да облечеш, треба да знаеше да го носиш. Тоа е поврзано со одот, со перцепцијата на самиот себе, со начинот на однесување. Се е во игра! Токму затоа и жените со облини кои немаат проблем со прифаќање на самите себе се вклучени во светот на модата, како носители на убавото кое што претставува заеднички именител во модната индустрија.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè, но поддршката од брат ми ме остави на тркачките стази

Малкумина знаат дека во Скопје живее 27-годишно момче, кое е единствениот Македонец...

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

МУАБЕТ СО ЕЛЕНА КОПРТЛА ЗА ГРАДОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ФИЛМОТ 

Вчеравечер во Бруталиск се одржа промоција на книгата „Градот и идентитетот –...