ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Скопски муабети по кумановска линија

„Не сум имал никакви отфрлања или дискриминации затоа што не сум скопјанец, ама од тоа што го имам забележано е дека се потребни неколку години за прв пат некој од Скопје да те покани на гости кај нив.“

Разговор со тетарскиот режисер, Милош Андоновски, натурализиран скопјанец.

„Здраво на сите јас сум скопјанка од крајот на светот, затоа што има многу што сметаат дека Скопје се протега од Аеродром до Карпош 4 и мислат дека се околу е село некое. Инаку јас сум од Влае и Влае не е село.“

Ова е актерката Нина Елсезер, која ја игра скопјанката.

„Здраво јас сум Филип и доаѓам од Велес, тоа е еден друг крај на светот за тие што се од Влае. Имам 25 години, студирам 7 години во Скопје, живеам во Скопје, а не сум пропалица, не сум забушант, ова ми е втор факултет затоа што сум паметен и живеам во Скопје во единственото место каде што не живеат Скопјани.“

„Здраво на сите јас сум Ангела и сум скопјанка од Куманово. Јас веќе 12 години живеам во Скопје, поконкретно во Карпош 2. Имам еден пријател кој вели дека кога Кумановци ќе дојдат во Скопје се како кучиња врзани со ланец за Карпош…2. Тоа е затоа што сме сите или талентарани и одиме на ФДУ или паметни и одиме на ФИНКИ.Јас инаку имав еден прекрасен план дека сите изведби на претставата ќе ги искористам за да го решам моето станбено прашање. Мене ми е преку глава од тоа да плаќам кирија. И јас би сакала да најдам сопруг со стан во Карпош 2.“

Ова е Ангела, скопјанката од Куманово.

Ова се дел од воведните реплики на актерите во тетатарската претстава „Скопјани“, во режија на Милош Андоновски.

Токму ова е и главната тема во оваа урнебесно сатирична комедија „Скопјани“ во режија на Милош Андоновски од Куманово.

Како што нагласува тој,оваа претстава е работена по шест раскази од Оливера Ќорвезироска, случајно одбрана заради топлината на расказите, а не по кумановска линија.

Покрај расказите, во оваа претстава се претставени и личните приказни на актерите, на режисерот кој со читателите на 091info.mk сподели дека неговата лична приказна беше најпрвиот импулс да ја направи претставата.

Режисер: Милош Андоновски

„Од лична причина почна се, затоа што како кумановец кој 12 години живее тука, Куманово одамна не го чувствувам како свое. Сите контакти и сите луѓе ми се во Скопје, а од друга страна Скопје никогаш не може да биде мое, затоа што не е мој роден град и затоа што не може да ме боли за Скопје како што ги боли Скопјани.“- вели Андоновски.

Тој потенцира дека немал никакви отфрлања или дискриминации затоа што не е скопјанец, ама сепак ќе каже: „Од тоа што го имам забележано е дека се потребни неколку години за прв пат некој од Скопје да те покани на гости кај нив“.

„Впечатоците се доста позитивни досега. Публиката ми ја сака претставата, доказ за тоа се полните сали на сите досегашни изведби. Мене лично многу би ми значело доколку стигнеме до десет полни сали односно изведби со полни сали публика, затоа што сепак е независна сцена и маркетингот е мал и незначителен“ – кажува Андоновски

Која е твојата идеја за совршена среќа? Внатрешен мир, тоа ми е најважно.
Кој е твојот најголем страв? Губење на блиските
На кој жив човек најмногу му се восхитуваш? На родителите, на колешката која предмалку со мене сподели една животна вистина.
Кое е најценетото нешто кое го поседуваш? Луѓето и внатрешниот мир.
Што е најмизерно, според тебе? Лажењето.
Која е твојата најизразена карактеристика? Импулсивноста и нетрпеливоста.
Во кои околности лажете? Избегнувам да лажам, но ако морам тогаш се оние бели лаги, за да не повредам некој.
Кои зборови и фрази најмногу ги употребувате? И така натаму.
Кое е вашето омилено место во Скопје? Стара чаршија и Дебар маало.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Имаше моменти кога сакав да се откажам од сè, но поддршката од брат ми ме остави на тркачките стази

Малкумина знаат дека во Скопје живее 27-годишно момче, кое е единствениот Македонец...

ГРАДСКИ МУАБЕТИ

Во Македонија има убави крупни жени, но треба да им се даде поголема видливост

Последните неколку години на модните писти зачекорија и девојки/жени со облини како...