ГАСТРО

ШТО СО ЈАЈЦАТА ПО ВЕЛИГДЕН: 4 едноставни, а вкусни рецепти

Сигурно по велигденските празници, ви се останати бојадисани јајца со кои не знаете што да правите. За да не ги фрлате, ова се неколку предлози како да ги искористите.

1.Салата со ротквици и јајца

Состојки: два китки ротквици, еден млад кромид, неколку листови зелена салата, четири до пет тврдо варени јајца, павлака, сол, црн пипер, зачини.

Подготовка: Ротквиците исечкајте ги на кругови, белките на коцки, кромидот на мали парчиња и салатата исечкајте ја тенко. Исечкајте ги жолчките и измешајте ги со павлаката и зачините. Оваа салата може да биде оброк или како додаток на главното јадење.

2. Редена салата 

Состојки: 150 грама шунка, 150 грама овчо сирење, 3 варени јајца, павлака, два варени компира, 150 грама мајонез.

Подготовка: Компирите сварете ги со или без лушпа, па изрендајте ги. Додадете сол и црн пипер. Наредете рендана шунка, рендани компири, овчо сирење и јајца по ред. Секој слој премачкајте го со мешавина од мајонез и павлака. На крајот сето тоа украсете го со рендани јајца.

3.Полнети јајца

Преостанатите јајца можете да ги наполните така што ќе ги измешате жолчките со некои состојки.

Првата комбинација: малку мајонез, сенф и сечкана шунка

Втора комбинација: малку павлака, кравјо сирење и ситно сечкани маслинки

Трета комбинација: ситно сечкани кисели краставички, чајна колбас, се меша со крем сирење и магдонос.

4.Ролат со мелено месо и јајца

Состојки: 1 кг мешано мелено месо, 300 гр кромид, лук, по желба суви билки, сол, црн пипер, едно свежо јајце, пет тврдо варени јајца.

Подготовка: Исечкајте го кромидот, изгмечете го лукот и ставете го во месото. Додадете сол, зачини и црн пипер и сето тоа измешајте го со месото. Месото се замесува убаво, па се додава изматеното јајце.

Земете проѕирна фолија, намачкајте ја со масло и растегнете го месото во правоаголник. Долж едната страна се редат варените јајца, па се витка во ролат. Се ставаат во тавче подмачкано со масло и се пече на 250 степени околу 45 минути.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет и го соборија рекордот стар пет години

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет на светот. Со својата должина од...

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш...

ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и...