ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш зад Франција се Италија, Грција и Шпанија со неколку минути помалку.

Времето што еден Французин во просек го минува на маса во денот е два часа и 13 минути – имајќи ги предвид само ручекот и вечерата. За споредба, следејќи ги наводите, Американците се на дното на рангирањето – тие ручаат и вечераат вкупно час и две минути, т.е. повеќе од двојно побрзо од жителите на Франција, според истражување на Организацијата за економска соработка и развој.

Анализата одговара: Зошто е тоа така?

Како прво – менито е дијахронично, т.е. јадењата се служат последователно, за разлика од тн. синхроно мени, каде што уште на почетокот сѐ е на масата, со што се скратува времето за јадење. Излегува дека дури и на ограничената пауза од работа попладне, Французите нарачуваат најмалку два дела од оброкот, во просек, бирајќи меѓу салата, главниот дел и десерт.

Натаму, второ – за Французите храната е основен дел од нивниот социјален живот. Според нив, ако се јаде „на нога“ и не се седне на маса со пријател/-ка и сл., Французите „тоа воопшто не го сметаат за оброк“, сметаат познавачите.

И, трето, но не и најмалку важно – ручекот во 13 часот е правило, т.е. „неотуѓиво право“ за половината Французи… Како и за само 18 отсто од Британците, за споредба.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет и го соборија рекордот стар пет години

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет на светот. Со својата должина од...

ГАСТРО

ШТО СО ЈАЈЦАТА ПО ВЕЛИГДЕН: 4 едноставни, а вкусни рецепти

Сигурно по велигденските празници, ви се останати бојадисани јајца со кои не...

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и...