ГАСТРО

Изработена гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) изработи гастрономска карта и гастрономски водич за традиционални специјалитети, со цел збогатување на туристичката понуда и зголемување на промоцијата на државата. Периодов што следи ќе бидат изработени и видеоматеријали за истата намена, најавуваат од агенцијата.

„Илустрираната гастрономска карта има за цел да ги мапира регионите каде има традиционална подготовка на македонски јадења. Идејата е да ги поканиме патниците на гурманска тура низ С. Македонија, да уживаат во регионалните вкусови. Брошурата содржи фотографии и текстови за гастрономијата во Република Северна Македонија, културата за неа, храна или друг пијалак кој оди со рецептот, настани или манифестации поврзани со гастрономијата“, велат од АППТ.

Од Агенцијата посочуваат дека гастрономскиот водич е во вид на патеписни приказни за вкусовите на земјава, преточени преку приказни за гастрономијата, виното, традицијата, фолклорот и културното наследство во нашата земја.Брошурата содржи локални или регионални традиционални рецепти за одредени јадења од сите осум плански региони, карактеристични за тој регион или локално место од тој регион.

Освен во печатено издание брошурата „Вкусот на мојата земја“ е поставена на веб-страница.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ГАСТРО

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет и го соборија рекордот стар пет години

Француските пекари го испекоа најдолгиот багет на светот. Со својата должина од...

ГАСТРО

ШТО СО ЈАЈЦАТА ПО ВЕЛИГДЕН: 4 едноставни, а вкусни рецепти

Сигурно по велигденските празници, ви се останати бојадисани јајца со кои не...

ГАСТРО

ЕУ им додели на турските маслинки „Милас“ ознака за заштитено потекло

Европската комисија им додели ознака за заштитено потекло на турските маслинки „Милас...

ГАСТРО

УЖИВАЊЕ ВО ХРАНАТА: Еден Французин дневно поминува 73 минути на маса за јадење

Французите се „прваци“ за најдолго уживање во храната, оброкот и трпезата. Веднаш...