МАГАЗИН

Венеција в година воведува дневни влезници за туристи, цена: пет евра

Надоместокот пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу туристи.

Венеција следната година воведува влезна такса за туристи од пет евра на ден. Целта е обид да се управува со протокот на туристи привлечени од историските канали на овој познат град во северна Италија, соопшти Градското собрание.

– Сите посетители постари од 14 години ќе треба да платат влезница. Намерата е ново урамнотежување меѓу правата на оние кои живеат, студираат и работат во Венеција и посетителите на градот. Ова не е потег за заработка на пари… Надоместокот ќе ги покрие само трошоците за водење на програмата. Точните датуми на планот и како ќе се реализира ќе бидат договорени по конечното одобрување во Градскиот совет, коешто се очекува следната седмица, изјави Симоне Вентурини, туристички советник на Градот Венеција.

Надоместокот пробно ќе се применува вкупно 30 дена следната година, пред сѐ за време на пролетните празници и летните викенди кога има најмногу туристи.

Планот што се разгледува од 2019 година, беше одложен поради корона-пандемијата, а подоцна и од технички и процедурални причини.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Венеција заработи речиси милион евра со наплата на влезници во градот за само 11 дена

Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му...

МАГАЗИН

Мет гала: Познатите личности го претворија музејот „Метрополитен“ во раскошна градина

Првиот понеделник во мај е резервиран за најелитниот моден настан на годината...

МАГАЗИН

Познати првите 10 финалисти на Евровизија 2024 година

Заврши првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песна на Евровизија која...

МАГАЗИН

Клучни правила за децата и употребата на технологијата

Повеќето родители се грижат за односот на нивните деца со технологијата, од...