АКТУЕЛНО

СОВЕТНИЦИТЕ ВО АЕРОДРОМ: Васко Карангелевски наместо модерна сообраќајница, е потсетник за неспособноста на Арсовска

„Булеварот „Васко Карангелевски”, инфраструктурен споменик на нереализирани ветувања и една од најважните сообраќајници кои поминува низ општината Аеродром. Ова е еден од најкратките булевари во градот, но и булевар со рекордно најдолго време на реконструкција досега. Две години, ние жителите на Аеродром, секојдневно поминуваме во дупки, ги кршиме и оштетуваме нашите автомобили, а возачите и граѓаните кои живеат во овој дел од општината се гушат во прашината“, посочи советничката во Општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Милка Тримчевска.

„Булеварот „Васко Карангелевски”, денеска наместо модерна сообраќајница е само уште еден потсетник кој сведочи за неспособноста и неодговорноста на Данела Арсовска. Секое утро, додека жителите сообраќаат на оваа фреквентна општинска локација, имаат можност на дело да се потсетат и уверат за фактот дека Арсовска не работи ништо, на леснотијата со која таа ги започнува и не ги завршува проектите, а на уште едно во редот дадени и неисполнети ветувања пред скопјани“, вели Тримчевска.

Булеварот „Васко Карангелевски” или по ново булеварот – „сведок на неодговорноста на Арсовска“ е еден од малкуте проекти кои таа ги започна во нејзиниот мандат. Денес, скоро две години подоцна истиот е симбол на блеф, лажни ветувања и уште една потврда за немањето менаџерски капацитет за водење на Градот Скопје и градските институции.

„По хаосот во јавниот превоз, чистењето на отпадот, ние жителите на Аеродром сме сведоци за уште еден, овој пат инфраструктурен и урбанистички хаос, создаден токму од градоначалничката Арсовска. И доколку на вага се стават, реализираните проекти, наспроти креираните кризи во градот, со сигурност ќе натежне негативниот аспект од владеењето на Арсовска, владеење од кое последиците ги трпат жителите на Аеродром и Градот Скопје“, додава Тримчевска.

Таа ја повика градоначалничката Арсовска, да ги тргне на страна личните, дневно политичките и фамилијарните бизнис интереси и овој проект да го заврши час поскоро. На повеќе од 40 степени, најмалку што заслужуваат граѓаните на Аеродром секојдневно да дишат прашина и да возат по недовршен булевар, а со тоа и да трпат материјални оштетувања како резултат на суетата, неодговорноста и неработењето на Арсовска.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Книжевно читање на млади авторки вечер во „Europe House“

Третото издание на младинскиот мултимедијален настан „Клинци“ ќе се одржи вечерва во...

АКТУЕЛНО

„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“- Изложба на Мирослав Масин

Изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“...

АКТУЕЛНО

Предизвикот на преведувањето на книжевниот великан Толкин

На 16 мај, среда од 19:19 часот, во Салон 19:19 во КИЦ,...

АКТУЕЛНО

Светски ден на физичката активност

Промовирање на физичката активност и нејзината улога во одржување добра здравствена состојба,...