АКТУЕЛНО

Предизвикот на преведувањето на книжевниот великан Толкин

На 16 мај, среда од 19:19 часот, во Салон 19:19 во КИЦ, Издавачката куќа „Три“ организира несекојдневен настан посветен на преведувањето на енигматичниот „Силмарилион“. Со двете одлични и искусни преведувачки, авторки и познавачки на магичната литература – Ирена Јурчева и Мерсиха Исмајлоска, предводени од авторката и лекторка Виолета Танчева-Златева, ќе се расчистат јазичните и стилски дилеми и многуте предизвици што се испречуваат на патот на преведувачите кога ги пренесуваат на нашиот јазик и во нашиот културен контекст фантастичните идеи на големите книжевни великани каков што е Толкин.

Во фокусот на оваа своевидна работилница за преведување ќе биде преводот од Ирена Јурчева на култното дело „Силмарилион“. Токму поради Толкиновата богата имагинација, посебниот јазик и речник, заедно со цел свет измислени суштества, потребен е сериозен преведувачки и толкувачки пристап на ова фантастично и капитално дело на светската литература.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...