АКТУЕЛНО

„Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“- Изложба на Мирослав Масин

Изложбата на Мирослав Масин насловена „Подобро на гранка отколку заглавен во лифт“ ќе биде отворена во објектот Даут пашин амам, на 15.5.2024, во 20 часот.

Изложбата е дел од Годишната програма на Националната галерија за 2024 година и е финансиски поддржана од Министерството за култура, а како спонзори се појавуваат: Скечерс, Амигос ресторани, Де Ниро Битола и Дајнерс Македонија.

Мирослав Масин дипломирал на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство во Скопје, во 1988 година. Член е на ДЛУМ, и во периодот од 2000 до 2001 година бил претседател на ДЛУМ. Бил на студиски
престој во Велика Британија, Франција и Чешка. Покрај самостојни изложби, Масин учествува во инсталации и перформанси, во видео спотови, а негов е сценскиот дизајн на три претстави: во 1993, 1994 и во 2013 година, на мјузиклот Пенелопе Икс.ТворештвоЗапочнувајќи со самостојни изложби во 1988 година, Мирослав Масин досега остварил повеќе од педесет во земјава и во странство, меѓу кои во: Џенова, Париз, Стразбур и Мајен во Франција, Берлин, Лондон, Белград, Сараево, Зрењанин, Подгорица, Љубљана, и на други места. Мирослав Масин изработил над дваесет и пет инсталации и перформанси, меѓу кои: „Мајмун-човек-мајмун“ (1986, Стара чаршија, Скопје), „Кафез“ (1992, КИЦ, Скопје), „Мајмун-човек-банана“
(1995, КИЦ, Скопје), „Миро и Емил“ (1997, Зоолошка градина, Скопје), „Цивилизација“ (2000, Чимелице, Чешка), „Три желби“ (2005, Зоолошка градина, Скопје),„City Point“ (2009, Нирнберг, Германија) и други.На 15 октомври 2014 година, во Галеријата на „Младинскиот културен центар“ во Скопје била отворена самостојната изложба на Масин, насловена како „Ашанте“ („Enchante“).На 7 април 2015 година, во Нишкиот
културен центар била отворена самостојна изложба на Масин, под истиот наслов.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...