ИНФО

Се гради пешачка патека на надвозникот на влезот во Општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на нова пешачка патека на улица ,,2” која се протега преку надвозникот на влезот во Општината.

Новата пешачка патека ќе биде во должина од 350 метри, покрај патеката ќе биде поставена, нова сообраќајна сигнализација. Со изградбата на оваа пешачка патека ќе се овозможи безбедно движење на возилата и на пешаците кои го поминуваат овој пат, особено учениците кои во текот на учебната година се движат кон новото општинско основно училиште.

„Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени дополнително нови пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места“, вели градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

Денес посебен сообраќаен режим – МВР ќе го одбележува Денот на полицијата

Во Скопје денес од 08 до 18 часот ќе биде воведен посебен...

ИНФО

ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со мала облачност

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност....

ИНФО

За Велигден претежно сончево и потопло време

Во недела и понеделник времето во земјава за најголемиот хртистикански празник Велигден...

ИНФО

Санкционирани 100 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со...