АКТУЕЛНО

5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТОЛТЕНБЕРГОВА: Ќе замине ли коцката кај Градскиот стадион во историјата?

Улицата Столтенбергова која поминува покрај Градскиот стадион и салата и фудбалските игралишта на Работнички во Градскиот парк конечно ќе се реконструира. Оваа фреквентна улица е делумно пропадната, искршена и целата е со дупки. Советот на Општина Центар на последната седница ја прифати одлуката на Град Скопје за меѓуопштинска соработка, односно за реконструкција на Столтенбергова.
За поправка и санирање од градската каса ќе бидат издвоени околу 5 милиони денари, а работите ќе ги изведе ЈП Улици и Патишта-Скопје.
Засега нема најави кога ќе отпочне реконструкцијата иако таа е дел од подпрограмата Ј6-одржување на улици летно.
Дали со оваа реконструкција коцката на улицата ќе биде тргната и замената со асфалт се уште не се знае.
Општина Центар ќе треба да ги решава и можните имотно правни спорови како и да издаде решение за реконструкција.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици...

АКТУЕЛНО

Што добиваат центарци со Смарт осветлувањето?

Општина Центар пред две недели започна со инсталирање на паметно јавно осветлување...

АКТУЕЛНО

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на Скопски поетски фестивал

Во рамките на Скопскиот поетски фестивал, чиешто четврто издание ќе се одржи...

АКТУЕЛНО

Принова во скопската ЗОО: Алпаката Фелиција стана мајка по вторпат

Од скопската зоолошка градина со радост информираат дека алпаката Фелиција станала мајка...