АКТУЕЛНО

Што добиваат центарци со Смарт осветлувањето?

Општина Центар пред две недели започна со инсталирање на паметно јавно осветлување на цела територија на општината. Тоа значи дека граѓаните на Општина Центар добиваат јавно осветлување со нова ЛЕД технологија за автоматско димирање односно прилагодување на светлината следствено временските услови или зачестениот сообраќај на улицата.

Општина Центар појаснува дека овие светилки не се палат мануелно туку тие почнуваат да светат следејќи го намалувањето на дневната светлина додека нивната јачина на светлост се зголемува како настапува ноќта. Исто така светлината на овие паметни светилки е во мирување со потивка осветленост кога на улицата нема движење односно зголемување на светлоста кога на улицата ќе помине пешак или автомобил. Светлината која ќе зрачи од овие нови паметни светилки ќе биде ниту многу жолта, ниту многу бела односно светлина која ја зголемува видливоста на возачите и пешаците. Тоа значи дека Општина Центар ќе има побезбедни улици за сите граѓани и учесници во сообраќајот но и побезбедни маала од било какви девијантни појави. Со овие светилки Општина Центар става крај на темните ќошиња.

Воедно оваа технологија значи дополнителни заштеди за општинските средства и нивна пренамена во други нови проекти за граѓаните. Општина Центар преку реализација на овој проект ќе ја унапреди енергетската ефикасност со тоа што ќе оствари заштеда до 70% на потрошувачката на електрична енергија за јавно осветлување и повеќе од 75% на трошоците за одржување на сеуште постојниот систем.

На територија на Општина Центар ќе бидат поставени 3982 улични светилки со нова технологија на ЛЕД светилки за паметно мерење и управување со електричната енергија. Инсталацијата на светилките ќе биде извршена во две фази и тоа по урбани заедници и истата опфаќа демонтажа на старите и монтажа на новите светилки. Предвидени се различни типови на светилки, вкупно 4 за различни типови на сообраќајници односно дали истите ќе бидат оставени на главни, споредни и резиденцијални улици, пешачки патеки или споредни улици.

Процесот за менување на јавното осветлување го имплементира А1 Македонија и во Општина Центар го започна со поставување на Тип 1 светилките кои се инсталираат на најфреквентните улици во општината, а вчера започна и инсталирањето на Тип 2 светилките кои ќе бидат инсталирани на споредни улици низ целата општина односно близу основни училишта, градинки, паркови, шеталишта итн. Тип 3 светилките ќе бидат инсталирани на спореди резиденцијални улици, додека Тип 4 на споредните улици и пешачките патеки на територија на општината.

Општина Центар ги информира граѓаните дека новите ЛЕД светилки немаат еколошки штетни материјали, немаат UV зрачење, имаат висок и предвидлив животен век, емитуваат светлина само во видливиот опсег, имаат компактна големина, намалена потрошувачка на електрична енергија, висока светлосна ефикасност, одличен индекс за рендерирање на бои, лесни се за рециклирање, помалку привлекуваат ноќни инсекти и се отпорни на вибрации и удари.

Со новото јавно осветлување Општина Центар ја унапредува енергетската ефикасност, остварување на заштеда во однос на потрошувачката на електрична енергија и во однос на одржувањето на уличното осветлување и го подобрува квалитетот на животната средина.

 

ИЗВОР: 24инфо.мк

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

АКТУЕЛНО

Центарци на телефон може да побараат косење трева, собирање смет и поправка на урбана опрема

Граѓаните кои живеат во општина Центар можат да ги пријават проблемите поврзани...

АКТУЕЛНО

Скопјани се подготвуваат за инвазија од комарци

Скопјани, полека, но сигурно се подготвуваат за инвазија од комарци, со оглед...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана...