АКТУЕЛНО

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Во основните училишта во државава во мај ќе се спроведува запишување ученици во прво одделение.

Родителот односно старателот е должен во основно училиште да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни шест години.

По исклучок детето може да се запише во прво одделение доколку наполни шест години до 31 јануари наредната година, по претходно барање од родителот, односно старателот, и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

Родителот односно старателот има право да го запише детето во основното училиште во реонот во кој живее или каде што постојано престојува. Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон.

На барање на родителот и доколку има соглсност од училиштето, како и слободни места, детето може да се запише и во училиште што не е во неговиот реон на живеење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Центарци на телефон може да побараат косење трева, собирање смет и поправка на урбана опрема

Граѓаните кои живеат во општина Центар можат да ги пријават проблемите поврзани...

АКТУЕЛНО

Скопјани се подготвуваат за инвазија од комарци

Скопјани, полека, но сигурно се подготвуваат за инвазија од комарци, со оглед...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана...