КУЛТУРА

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

На програмата на Кинотеката во мај ќе има проекции на македонски филмови, а фокусот ќе биде на филмското творештво на режисерот,  сценарист и продуцент Столе Попов (1950) кому оваа година му е доделена  кинотечна награда „Златен објектив“.

-Автор кој во голема мера ја задолжи националната кинематографија – како со својот наградуван филмски опус, така и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на седмата уметност и филмското образование, соопшти Кинотеката.

Ќе бидат прикажани неговите документарни филмови „Оган“, „Дае“, „Австралија, Австралија“ и играните „Црвениот коњ“, „Среќна Нова ’49“, „Тетовирање“, „Џипси меџик“, „До Балчак“.

Покрај филмови од Попов, мајската програма на Кинотеката ќе прикаже и ретроспектива на кратки македонски филмови на режисерите  Кочо Недков, Дарко Марковиќ и Елеонора Венинова, новиот документарен филм на Игор Иванов – „Време на бетон“. Исто така и „Буре барут“ на Дејан Дуковски во режија на Горан Паскаљевиќ, како и документарецот „Скопје 63“ на Вељко Булајиќ.

-На менито на Кинотека месецов се наоѓа и промоцијата на новиот филм потпишан од францускиот кинопровокатор Франсоа Озон – „Питер фон Кант“.  Се работи за еден интересен, постмодерен осврт и своевиден римејк на делата потпишани и креирани од легендата на германскиот нов бран, Рајнер Вернер Фасбиндер, соопшти Кинотеката.

Во рамки на програмата за овој месец, од 13 до 18 мај во Кинотеката ќе биде организирана и Недела на италијанскиот филм.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Препорачуваме

Related Articles

КУЛТУРА

Трибина на тема „Големи приказни од мали земји“, средба со писателката Зејнеп Севде

Богата програма од дури осум настани во Младинскиот културен центар најавува 6....

КУЛТУРА

„Литера 2024“: Книгите, приказните, уметноста ги носат децата на магични патувања

Литературата и илустрацијата имаат специјално место во срцата на децата. Низ книги,...

КУЛТУРА

Изложба ”Професори и студенти” во МКЦ

На 14 јуни во Младинскиот Култирен центар ќе се отвори изложбата со...

КУЛТУРА

Украинската авторка Катерина Бабкина во петок во Лабораториум

Утре, 17-ти мај во 20 часот во Културниот центар „Лабораториум“ гостува една од...