СЦЕНА

Котон блуз фестивал со гостинот од Чикаго, Мад Морганфилд

Гостинот од Чикаго, Мад Морганфилд, најстариот синот на еден од најславните блуз имиња на сите времиња Мади Вотерс, ја предводи листата на учесници на годинашното 4. издание на скопскиот Котон блуз фестивал кој ќе се одржи во утре и задутре во Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот ќе биде отворен со маестралниот гитарист Мухамед Ибрахими на утревечер во 20 часот. Станува збор за тешко дефиниран музички феномен, барем според постоечките музички норми, па ќе речеме дека во него има многу домашен блуз со подмножества од џез, world, етно. Истата вечер ќе настапи „Троја бенд“, чиј специјален гостин на вечерта ќе биде македонски гитарист Игор Атанасоски, или попознат како Гуру Харе. Првата фестивалска вечер ќе кулминира со настапот на данското трио „Трејнмен блуз“, добитници на повеќе европски блуз-награда и познати по тоа што имаат современ пристап со соул зачин на изведба на блуз музиката.

Ади Имери, гитарист и мултиинструменталист, ќе ја отвори втората вечер во четврток, во 20 часот. Тој ќе настапи со соло-перформанс инспиририран од американската госпел песна популаризирана од Blind Willie Johnson, кој го посветил животот на свирење госпел и блуз музика. Мад Морганфилд ќе го затвори Котон блуз фестивалот со енергичен чикашки блуз звук, кој ќе биде спој од неговиот авторски материјал со песни на неговиот култен татко Мади Вотерс. Бендот што ќе го придружува се локалните музичари, Никола Петровски (гитара), Сашо Ѓорѓевски (усна хармоника), Оливер Јосифовски (бас), Горан Попоски (тапани) и Филип Димишковски (клавијатури).

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СЦЕНА

Операта „Валкира“ утре во НОБ – прво спектакуларно издание на Вагнер

Во изведба на гостите од Софиската опера и балет, утре за првпат...

СЦЕНА

Танцова претстава, филмска претпремиера, изложби за 50 години јубилеј на Францускиот институт во Скопје

Францускиот институт во Скопје годинава слави пет децении од своето основање и...

СЦЕНА

Мурад Мерзуки, кореографот на церемонијата на отворање на Олимписките игри 2024 со перформанс во Скопје

Францускиот институт во Скопје и „Танц фест“, по повод отворањето на прославата...

СЦЕНА

„Тетовирање“ на Столе Попов во Кинотека на Македонија

Во среда на 29-ти мај, во Кинотека на Македонија ќе биде прикажан...