АКТУЕЛНО

5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СТОЛТЕНБЕРГОВА: Ќе замине ли коцката кај Градскиот стадион во историјата?

Улицата Столтенбергова која поминува покрај Градскиот стадион и салата и фудбалските игралишта на Работнички во Градскиот парк конечно ќе се реконструира. Оваа фреквентна улица е делумно пропадната, искршена и целата е со дупки. Советот на Општина Центар на последната седница ја прифати одлуката на Град Скопје за меѓуопштинска соработка, односно за реконструкција на Столтенбергова.
За поправка и санирање од градската каса ќе бидат издвоени околу 5 милиони денари, а работите ќе ги изведе ЈП Улици и Патишта-Скопје.
Засега нема најави кога ќе отпочне реконструкцијата иако таа е дел од подпрограмата Ј6-одржување на улици летно.
Дали со оваа реконструкција коцката на улицата ќе биде тргната и замената со асфалт се уште не се знае.
Општина Центар ќе треба да ги решава и можните имотно правни спорови како и да издаде решение за реконструкција.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Арсовска откри за што ќе се користат куќарките на плоштадот Македонија

Откако куќарките изминатите денови повторно се поставија на плоштадот во центарот на...

АКТУЕЛНО

Центарци на телефон може да побараат косење трева, собирање смет и поправка на урбана опрема

Граѓаните кои живеат во општина Центар можат да ги пријават проблемите поврзани...

АКТУЕЛНО

Скопјани се подготвуваат за инвазија од комарци

Скопјани, полека, но сигурно се подготвуваат за инвазија од комарци, со оглед...

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...