МАГАЗИН

Златен џебен часовник од „Титаник“ продаден за рекордни 1,2 милиони фунти

The original watch owner was businessman John Jacob Astor who went down with the ship in 1912 after seeing new wife Madeleine onto a lifeboat. Courtesy/Henry Aldridge & Son

Златен џебен часовник пронајден на телото на најбогатиот човек на бродот „Титаник“ пред 110 години, е купен од американски колекционер за рекордни 1,2 милиони фунти.

Бизнисменот Џон Џејкоб Астор (47) потонал на бродот во 1912 година откако ја пренел својата нововенчана сопруга Медлин на чамец за спасување. Неговото тело е извлечено од Атлантскиот океан седум дена подоцна, заедно со скапиот џебен часовник „Валтхам“ (Waltham) со 14 карати злато, и врежани иницијали „JJA“. Продаден е на наддавање во „Хенри Олдриџ и синот“ во јужна Англија.

Рекордната цена за предмет од „Титаник“ претходно ја држеше виолина која лани достигна 1,1 милион фунти во истата аукциска куќа.

Аукционерот Ендрју Олдриџ раскажува дека Астор бил еден од можеби најбогатите луѓе во светот во тоа време, со богатство од приближно 87 милиони американски долари – што е еквивалент на неколку милијарди долари денес. – Цените постигнати за предметите од „Титаник“ се апсолутно неверојатни, рече Олдриџ.

Историјата, занимливо, раскажува како беспрекорно облечениот Астор, наместо да се обиде да се спаси во друго пловило, последен пат е виден како пуши цигара на бродот што тоне и разговара со сопатник.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...

МАГАЗИН

Зошто Холандија е една од најсреќните држави во светот?

Холандија важи за една од најсреќните држави во светот – со најсреќни...

МАГАЗИН

Доделени наградите за БАФТА за 2024

Вчера, 12 мај, беа доделени британските телевизиски награди БАФТА. Најголемо изненадување беше...