СКОПСКИ ВЕСТИ

На Филолошки факултет „Блаже Конески“ одбележани годишниците на двајцата великани на светската литература – Шекспир и Сервантес

Вчеравечер, славејќи го Денот на книгата и на авторското право, во аулата на Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје се одбележаа годишниците на Шекспир и Сервантес, двајцата великани на светската литература. Нивните дела и ден-денес претставуваат неисцрпна ризница на инспирација за многу млади и надежни писатели.

Шекспировата литература ја открива суштината на човечкиот однос, допира длабоко до човечката страст и емоциите. Овие безвременски теми на животот, како и влијанието врз книжевноста ги пренесе Амбасадор на ЕУ во земјава, Дејвид Гир.

Жосе’ Луис Лозано Гарсиа, Амбасадор на Кралството Шпанија , се надоврза за книжевниот визионер зад „Дон Кихот“ – Мигел де Сервантес. Тој говореше за неговиот бурен живот, и како романот го истражува судирот меѓу идеализмот и реалноста и трајната човечка потрага по целта.

Пред настанот, амбасадорите имаа можност да ги истражат уметничките дела низ коридорите на факултетот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

СКОПСКИ ВЕСТИ

В сабота герила акција „Трчаме за чиста Матка“

Комисијата за животна средина при Федерацијата на планинарски спортови, оваа сабота, на...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Во Скопје се отвори прв Центар за поддршка и советување на мажи

ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување вчера во Скопје отвори...

СКОПСКИ ВЕСТИ

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Министерството за култура ги распиша конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и...