АКТУЕЛНО

ПРЕД СТАРТОТ НА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ: Нова тартан подлога на игралиштето Сокол

За една недела почнува деветнаесеттиот Меморијален турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, закажан за 1 септември годинава. Како што информира градоначалникот Стевче Јакимовски, за таа цел Државната видеолотарија на Македонија и донираше парични средства на Општината во висина од 2.500.000 денари, со помош на кои, деновиве беше поставена нова тартан подлога на ова спортско игралиште.

Општина Карпош го поддршува традиционалниот турнир со 300.000 денари, а покрај паричните средства, локалната самоуправа изврши корекција на трибинскиот простор и заштитната ограда. Јакимовски изрази голема благодарност до донаторот и упати апел и до другите општествено одговорни компании да го следат примерот на Државната видеолотарија на Македонија.

„Спортскиот дух на Општина Карпош никогаш не недостасувал. За тоа говори и симболиката на ова игралиште, кое го носи името на трагично загинатиот навивач на ФК Вардар. Локалната самоуправа нема да застане тука. Навестуваме дека веројатно ќе се прави и детското и кошаркарското игралиште. Јасно покажуваме дека оваа насока во којашто се движиме со овие донации од општествено одговорните компании, високо е почитувана не само од локалната самоуправа, туку и од граѓаните“, истакна Јакимовски.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...