ИНФО

Казнети 352 возачи во Скопје, 108 за брзо возење

Во сообраќајна полициска контрола вчера на територија на Скопје биле  казнети 352 возачи, од кои  108 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР,  28 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

„Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење  мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас…,“ соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

ИНФО

20 нови дигитални услуги на новата интернет страница на општина Кисела Вода

Запишување на децата во градинка по електронски пат, пријава за инспекциски служби,...

ИНФО

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите

Средните училишта на скопскиот плоштад со понуда за полуматурантите. Што се нудат...

ИНФО

Утре ќе се прска против комарци

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека Град Скопје известил дека...

ИНФО

Данела ги врати новогодишните куќарки на плоштад

Вратени се новогодишните куќарки на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Во текот на...