АКТУЕЛНО

ОПАСНОСТ: Трет ден по ред исклучени семафорите кај Момин поток за накај Визбегово

Веќе трет ден семафорите на улицата после кружниот тек за накај Визбегово се исклучени. Сигнализацијата е исклучена, полиција не го регулира сообраќајот, па возачите и останатите учесници во сообраќајот се снаоѓаат како знаат и умеат. На овој потег, почнувајќи уште од кружниот тек кој стои со месеци недонаправен, буквално возењето и движењето претставуваат огромна опасност. Кружниот тек стои недовршен, зјаат кабли, подигнати бетонски ѕидчиња. Улицата по која се вози е крпеници. Хаосот станува уште поголем на семафорот кој сега е исклучен, особено што во овој дел има стационирано механизација, багери.

„Не ми е јасно дали некој од Градот излегол да види што се случува. Наместо да се доведува во ред сообраќајниот хаос на овој дел од Скопје, секој ден станува бетер. Треба изгледа да се случи нешто за да надлежните станат свесни за сопствената негрижа кон граѓаните“, вели С.М.

Вообичаено, кога се менува одреден сообраќаен режим, Градот и надлежните се должни да ги информираат граѓаните за воведените промени. Дури и да станува збор за дефект. За исклучувањето на семафорот кај Момин поток никој ништо не информирал.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...