АКТУЕЛНО

ПОБЕДА ЗА ВЛАЕ: И официјално поништен планот со кој се предвидуваше бетонизација на населбата

Штетниот Регулациски план за населбата Влае и официјално е поништен со објавената одлука на Советот на Град Скопје во службениот гласник. По предлог на советничката група „Зелен хуман град“, Советот на Гард Скопје на последната седница ја изгласа одлуката за поништување на планот. Сега одлуката е потпишана и од градоначалничката Данела Арсовска и стапува на сила со објавата во службениот гласник.

„Заедно со ‘Борба за Влае‘, Независни За Карпош – За Заштита На Карпош, сите активисти, граѓани и советници кои гласаа за, успеавме да спречиме уништување на една од ретко останатите населби во Скопје која не е преплавена од нови згради. Само заедно сплотени во и вон системот може да ги направиме вистинските потребни промени за ова наше Скопје, најпрво со спречување на секакви штетни одлуки за него. ‘Борба за Влае‘ треба да се пример за локално организирање на граѓаните од сите делови на Македонија! Војната продолжува, но оваа битка е добиена“, велат од „Зелен хуман град“.

Врз основа на овој Регулациски план беше изработен Деталниот урбанистички план со кој се бетонира населбата. Сега ДУП-от кој го правеше Општина Карпош всушност не може да се донесе бидејќи нема Регулациски план.

Со ДУП-от кој беше направен врз основа на Регулацискиот план и кој веќе еднаш беше на јавна анкета се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата ќе предвидува да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Маркичка за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор како што велат жителите е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина пак е вцртана маркичка за црква.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...