АКТУЕЛНО

Казнети 227 возачи во Скопје, од кои 49 возачи на мотор

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 227 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 49 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што соопшти МВР, изречени се и 12 мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за нерегистрирани возила.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, наведуваат од МВР.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНОРИТАМ НА ГРАДОТ

Утре започнува „Статуафест“

Утре (16. мај) со почеток од 18:30 започнува „Статуафест“, а истиот ќе...

АКТУЕЛНО

Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми

Граѓаните можат да пријават косење на трева, реконструкција и санација на урбана...

АКТУЕЛНО

Кампања на ЈП Лајка: ,,Вдоми” затоа што животот е поубав со куче

Јавното претпријатие „Лајка“ започнува со кампања за вдомување кучиња кои подолго време...

АКТУЕЛНО

“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” на 16, 17 и 18 мај на улица Македонија

“Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship” оваа година ќе се случи на 16,...