МОЕ ЗДРАВЈЕ

Истражување: До 2040 година секој петти човек во Англија ќе живее со сериозна болест

Female checking blood sugar level on background with diabetic accessories

Податоците од нов извештај укажуваат дека дополнителни 2,5 милиони луѓе во Англија ќе живеат со сериозни болести како што се рак, дијабетес, деменција и депресија до 2040 година. Истражувањето на Фондацијата за здравство покажа дека 9,1 милиони луѓе во Англија ќе имаат сериозна болест – што е зголемување за 37 отсто од 2019 година.

„Проценките се дека речиси секое петто лице од населението дотогаш ќе живее со сериозна болест, што е зголемување за повеќе од една третина“, се вели во извештајот. „За споредба, работоспособното население се очекува да се зголеми за само 4 отсто – оваа група на население ќе биде одговорна за генерирање на поголемиот дел од владините приходи што се користат за финансирање на јавните услуги, вклучително и Националната здравствена служба“.

До 2040 година се очекува деменцијата да се зголеми за 45 отсто, срцевата слабост за 92 отсто, ракот за 31 отсто, дијабетесот за 49 отсто, хроничната болка за 32 отсто, а анксиозноста или депресијата за 16 отсто.

Според истражувачите, луѓето на 70-годишна возраст во просек ќе имаат три хронични болести, а до 85-тата година ќе имаат повеќе од пет. Четири петтини од скокот на бројот на тешки болести ќе се должи на стареењето на населението, бидејќи колку подолго живее човекот, толку е поголема шансата да заболи од сериозна болест.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

БРЗА ПРОЛЕТНА ДИЕТА: Поттикнете го метаболизмот да ги исфрли вишокот течности од телото

Доколку сакате да изгледате фит и да го доведете вашето тело во...