МОЕ ЗДРАВЈЕ

БРЗА ПРОЛЕТНА ДИЕТА: Поттикнете го метаболизмот да ги исфрли вишокот течности од телото

Доколку сакате да изгледате фит и да го доведете вашето тело во ред до лето, не се оптоварувајте со разни диети.

Експертите советуваат дека ова е вистинско време кога можете да го почестите вашето тело со свежа храна која ќе ви помогне да ослабете, но и ќе му обезбедите минерали, витамини и други корисни состојки.

Една таква храна е ротквицата. Лесни за варење, нискокалорични и богати со влакна, идеални се за луѓе кои сакаат да ги изгубат вишокот килограми, бидејќи го забрзуваат метаболизмот.

Диетата која трае четири дена, заедно со разновидна храна, ќе ги отстрани сите токсини од вашето тело, а исто така ќе ви помогне да изгубите тежина. Ако го следите ова мени (кое се повторува по четири дена), брзо ќе забележите како се топи вишокот околу колковите и стомакот, па за една недела можете да изгубите и до четири килограми.

ПРВ ДЕН
Појадок: 175 гр сирење со малку маснотии, парче интегрален леб, јаболко
Ручек: четири големи ротквици, 100 грама пилешко филе и една келераба
Вечера: салата од 100 гр ротквици и млада зелка прелиена со чаша јогурт со малку маснотии

ВТОР ДЕН
Појадок: две лажици овесна каша прелиена со чаша јогурт со малку маснотии
Ручек: салата од 100 гр ротквици и 100 гр зелена салата, супа од зеленчук, 150 гр риба на скара или варена
Вечера: салата од 100 гр ротквици и 100 гр рукола, порција варен спанаќ и чаша лимонада

ТРЕТ ДЕН
Појадок: грејпфрут, 150 гр сирење со малку маснотии посипано со лажичка семки од сончоглед
Ручек: 150 гр телешко месо, 150 гр ротквица, банана
Вечера: 100 гр салата од краставици прелиена со лажица маслиново масло и 100 гр сирење со малку маснотии

ЧЕТВРТИ ДЕН
Појадок: парче интегрален леб, 50 гр сирење со малку маснотии, јаболко
Ручек: 200 гр мисирка на скара и 150 гр ротквици
Вечера: 200 гр салата од краставици и четири ротквици прелиени со лажица ленено масло

Зошто треба да го јадете овој зеленчук?
Ротквиците содржат само 16 калории на 100 грама. Блага пикантност со многу влакна и вода брзо создава чувство на ситост. Освен што го стимулираат варењето и согорувањето на масните наслаги, како природен диуретик тие го елиминираат и вишокот течности од телото, а со тоа го намалуваат отокот на лицето и телото. Тие се одличен извор на бакар, манган, калиум, витамини Ц, К и Б6, а во помали количини содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натриум. Имаат антибактериски својства, помагаат при респираторни заболувања, особено кашлица и астма, додека сокот од ротквица, пред јадење, помага против запек и варење.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Совети околу тироидната жлезда

Тироидната жлезда е одговорна за лачењето хормони коишто регулираат многу од витални...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Зошто е добро да се пие сок од пченица?

Ако некогаш сте пиеле светло зелен сок или смути, голема е веројатноста...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Оревите помагаат во превенција на Алцхајмерова болест

Врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот е непобитна. Одредена храна е...

МОЕ ЗДРАВЈЕ

Со правилно дишење може да ги намалите здравствените проблеми

Иако честопати се заборава, еден од најдобрите начини да се решат некои...