АКТУЕЛНО

ИНИЦИЈАТИВА ДО ГРАД СКОПЈЕ: Да се поништи планот кој ќе го бетонира и уништи Влае

Советот на Град Скопје в четврток ќе одлучува дали ќе се поништи Регулацискиот план C3 19, со кој се бетонизира и уништува населбата Влае. По протестите на жителите на Влае и средбите со советничките групи во Општина Карпош и Град Скопје, иницијативата за укинување на планот ја поднесува „Зелен хуман град“. Како што велат жителите на Влае освен од подносителот поддршка за укинување на овој штетен план имаат и од советниците на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Левица, НСДП, ЛДП, ДОМ и Алијанса за Албанците. Единствено поддршка не добиле од советниците кои ја поддршуваат работата на градоначалничката Данела Арсовска односно од Александар Трајановски од ГРОМ и Ирена Витина која откако ја напушти ВМРО-ДПМНЕ е независна советничка.

„Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски се вади дека ДУП-от е проектиран бидејќи е обврзан од Регулацискиот план донесен од Град Скопје во 2021 година. Затоа се обидуваме да го поништиме тој Регулациски план за градоначалникот да не мора да бетонизира зеленило и да црта објекти од комерцијален и станбен карактер на државно земјиште кое пополека се приватизира од страна на негови соработници“, велат жителите организирани во групата „Борба за Влае“.

Со планот кој веќе еднаш беше на јавна анкета се предвидуваат згради на просторот на некогашно кино Влае односно зад автобуската станица на булеварот Партизански одреди. Зградите ќе бидат со висина од 6 до 10 ката. Парцелата за маркички за згради е проширена и на улицата Есперанто сè до плоштадот Делфина. Со новиот план улицата ќе предвидува да се пробива зад киното односно пред основното училиште „Димо Хаџи Димов“.

Маркичка за зграда се предвидува на празниот простор кај „Кам маркет“ односно во делот каде населбата Влае се граничи со населбата Хром. Овој простор како што велат жителите е државно земјиште и бараат да се направи парк, а не да се распродава државна земја за бизнис интереси со приватни градежници.

На местото на инклузивното игралиште за деца со посебни потреби на плоштадот Делфина пак е вцртана маркичка за црква. Детското игралиште беше направено пред три години и него тогаш го отвори ексградоначалникот Стефан Богоев.

Овој ДУП еднаш беше донесен во претходниот мандат на градоначалникот Стевче Јакимовски, но во 2018 година е укинат од Уставен суд.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...