АКТУЕЛНО

И покрај протестите на жителите згради во Лисиче ќе има, наместо девет ќе се градат две

Во населбата Лисиче и со новата, втора верзија на Деталниот урбанистички план ЈИ 09.01, која ја изработи Општина Аеродром по протестите на граѓаните се предвидуваат згради. Наместо девет сега се нацртани две згради односно оставени се маркичките за најголемите објекти.

Зградата која е со најголема површина и се наоѓа на аголот меѓу булеварот Србија и улицата 12. Македонска бригада останува со 12 ката односно приземје, 10 ката и поткровје, но намален е габаритот. Нема да биде цел блок туку направена е дупка па всушност ќе има две кули од 12 ката, а меѓу нив деловен простор од два ката. Зградата која се наоѓа до неа и беше со висина од 8 ката, сега ќе биде приземје, 3 ката и поткровје. Останатите маркички се избришани, односно куќите остануваат со намена за индивидуално домување.

Според новата верзија на планот кој е изложен на јавна презентација до 10 јули, оставена е постојната ширина на улиците, а избришана е новопроектираната улица за која требаше да се одземе од дворовите на граѓаните.

Жителите на населбата Лисиче два пати со блокирање на булеварот Србија протестираа против новиот ДУП, кој како што велат е смрт за населбата, ќе ја бетонизира и ќе го уништи мирниот маалски живот.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...