АКТУЕЛНО

СЕКОЈ ДЕН ХАОС И ГУЖВИ КАЈ МОМИН ПОТОК: Град Скопје две години го прави кружниот тек и нема абер да го заврши

Две години се прави кружниот тек кај „Хубо маркет“ и Град Скопје нема абер да го заврши. Секој ден на оваа делница владее хаос и гужви бидејќи целата сообраќајница е раскопана. Насекаде има дупки, прокопи, знаци за насочување на сообраќајкот и по некоја градежна машина. Наутро и попладне се создаваат колони возила, а возачите се нервозни не само затоа што чекаат во гужвите туку и поради тоа што ги искршија колите од раскопаната улица.

Оовј дел од градот со години е црна сообраќајна точка, дневно овде поминуваат 25.000 возила и метежот е голем. Поради тоа во јули 2021 година, во време на ексградоначалникот Петре Шилегов почна градежни работи за реализација на овој капитален проект за Скопје. Се предвидува наместо семафорите кај „Хубо маркет“ да има кружен тек, а на крстосницата кај Момин Поток клучка со неколку приклучоци со што сообраќајот ќе биде проточен.

Но, не само што не е готов кружниот тек туку нема абер и од клучката. Со доаѓањето на функцијата на градоначалничката Данела Арсовска градежните работи се одвиваат со многу спора динамина, и нема шански да биде запазен рокот од 2,5 години кој беше даден при поставување на камен темелникот.

Според проектот, со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег се предвидува изградба на 2 кружни тека, првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот 8 Септември и улицата Скупи, а вториот треба да ја замени крстосницата на булеварот Никола Карев и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница. Од вториот кружен тек улицата продолжува до крстосницата со булевар Словенија каде што се поврзува со булеварот Словенија и со булеварот Босна и Херцеговина.

Изградбата на кружниот тек и клучката чинат 18 милиони евра.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...