АКТУЕЛНО

Жителите на Визбегово: Имаме училиште, но немаме пат

Фото/Градска редакција

Граѓаните од населбата Визбегово, иако сега имаат ново училиште, се соочуваат со сериозен проблем – недостиг на пат кој води до неа. Оваа ситуација предизвикува сериозни загрижености кај родителите и жителите.

За изградбата на основното училиште „Визбегово“ со капацитетот од 1000 ученици се потрошени околу 110 милиони денари обезбедени од Буџетот преку програма на Владата и Министерството за образование и наука.

Во февруари оваа година беше предадено на локалните власти конкретно на Општината Бутел.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски веќе го назначи и директорот на ова училиште па останува да се комплетира и соодветниот кадар на наставници и друг училиштен кадар за во септември, но не изгради пат.

Тоа значи дека ако до септември кога е предвидено да почне да функционира ова ново-изградено училиште не се асфалтираат улиците кои водат до него, учениците ќе мора да облекуваат гумени чизми.

„Нема услови, се кал е натаму до училиштето, и само овде има светла натаму нема , треба се ова да се направи со асфалт , срамота е, 14 години овде сите плаќаме се а нема ни асфалт ни ништо. Само ова страна нема, сите од другата страна имаат„ вели жител на Визбегово.

Извор: Градска.мк 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...