АКТУЕЛНО

Кај поранешна „Алумина“ ќе се гради комплекс од згради, две од нив високи по 35 ката

На просторот кај некогашната фабрика „Алумина“, во населбата Тафталиџе, се планира изградба на комплекс на згради со различна катност, меѓу кои двете највисоки ќе бидат со по 35 ката, поточно со приземје и 34 ката.

Според предложениот Детален урбанистички план, едната зграда е наменета за деловни простории, додека другата ќе биде станбена зграда. На овој простор ќе има и две 14-катници, една десеткатница и две згради на 9 ката, сите наменети за домување.

Според она што може да се види на 3Д приказот во прилог на јавната презентација на ДУП за Градска четврт 3 06, блок 11, објавен на веб-страницата на Општина Карпош, на просторот ќе се изградат модерни згради, со зелени тераси и покриви, а меѓу објектите ќе има зеленило и пешачки патеки.

Станува збор за плански опфат кој се наоѓа меѓу улицата Прашка, булеварите 8 Септември и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и новопроектираната улица С6. Предлог ДУП-от во моментов е на јавна анкета, која ќе трае до 15 декември, а на 12 декември ќе се одржи и јавна презентација во просториите на Општината, каде граѓаните кои живеат во овој плански опфат можат да доставуваат и анкетни листови секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот.

 

Целиот текст прочитајте го тука.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...