АКТУЕЛНО

Пунктот и прифатилиштето во Момин Поток подготвени за прифаќање бездомници

Со спуштањето на температурите и со најавата за уште пониски, екипите на Црвениот крст на Град Скопје од пунктот за бездомници во Момин Поток изминативе две недели интензивно излегуваат на терен. Тоа го прават самоиницијативно, но, пред сè, по јавување од граѓани.

Според координаторката на пунктот за бездомници, Драгана Лазаревска, во изминативе две недели имале 10 пријави од граѓани што сретнале бездомници, но вели дека со паѓањето на температурите и со снегот, се очекуваат и повеќе.

„Доколку забележат бездомно лице, граѓаните може да пријават на телефонскиот број 071-223-972. По пријавата, наша екипа од психолог и од социјален работник прави првична проценка на потребите на бездомникот, но и на неговата ранливост. Потоа се утврдува со какви проблеми се соочува и што му е потребно во тој момент. Нашите мобилни екипи секогаш имаат во своето возило вреќи за спиење, ќебиња, сет од капа, шал, ракавици, потоа храна и витамини, па на оние што не сакаат да бидат згрижени во пунктот за бездомници, како и во прифатилиштето, им се остава за да не им биде студено и за да не бидат гладни“, објаснува Лазаревска.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...