АКТУЕЛНО

На површина од 192 илјади метри квадратни ќе никнат нови згради во Расадник

Во Расадник ќе бидат изградени згради на површина од 192 илјади квадратни метри и нов градски парк со површина над 100.000 м2. Избран е концептот за хумано домување наместо бетонизација на Расадник, објави на социјалните мрежи градоначалникот на општината Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

„Со конкурсните решенија, наместо еден милион метри квадратни станбена површина, ќе има 192.400 метри квадратни. За десет пат се зголемува зеленилото, односно наместо 10.000 метри квадратни како што се предвидуваше со ДУП-от од претходното раководство, сега ќе имаме 100.000 метри квадратни зелена површина или еден нов огромен парк во градот. Сите пристигнати трудови од меѓународниот конкурс, сите денес изложени решенија, како што може и сами да видите, имаат над 100.000 м2 зелена површина, односно Кисела Вода и Скопје добиваат нов градски парк со површина над 100.000 м2, што е 10 пати поголема зелена површина од предложениот урбанистички план во 2020 година. Во однос на станбените објекти, вкупната етажна површина за градење со намена домување во неизградениот дел од Расадникот изнесува максимално 192.400 м2, што е 80 % помала од предлог-планот од 2020 година“, додаде Ѓорѓиевски во неговата Фејсбук објава.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...