АКТУЕЛНО

Завршен е кружниот тек кај Момин Поток

Oгромниот сообраќаен проект, кој според својата комплексност, е еден од најсложените во град Скопје, клучката кај Момин Поток и кружниот тек кај Скупи се завршени.

Станува збор за една од главните рути што ги поврзуваат северниот и јужниот дел од градот.

– Со цел да се намали сообраќајниот метеж на овој потег завршен е кружниот тек кој ја замени крстосницата кај булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“, а во тек е изградбата на два моста на реката Серава и на вториот кружен тек, кој треба да ја замени крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово – информираше градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, на својот „Фејсбук-профил“.

Притоа, додава дека оваа сообраќајница е една од клучните градски сообраќајници, бидејќи дневно низ неа транзитираат над 25.000 возила.

Инаку, изградбата на кружните сообраќајни решенија кај зоната Момин Поток, во општина Карпош, почна во јули 2021 година. Предвидуваше два кружни тека – првиот треба да ја замени крстосницата кај булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ (овој што Арсовска соопшти дека е завршен) и вториот да ја замени крстосницата на булеварот „Никола Карев“ и патот кон Визбегово, обиколницата и косовската граница.

Со години овој потег е постојано со градежна механизација, па граѓаните редовно заглавуваа во метеж.

 

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...