АКТУЕЛНО

Засилено присуство на полиција низ цела општина Центар

Засилено присуство на полицијата во Дебар Маало, но и низ цела општина Центар ќе има во следниот период, со цел превенција од насилство и деликвенција која често се случува во ноќните часови, односно заштита на граѓаните и децата.

Ова е договорено меѓу МВР и Општина Центар, откако се регистрирани низа инциденти меѓу малолетници, меѓу кои и последниот кога пијан педофил соблекол три иполгодишно дете на игралиште во Дебар Маало.

„Се договоривме уште повеќе да ја интензивираме и координацијата, и комуникацијата со цел, пред сè, превенција на немилите настани“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

Тој додаде дека насилничкото однесување во општината е силен аларм не само за институциите туку и за родителите.

Притоа, упати апел до родителите будно да ги следат децата и работат со нив на превенција од насилство, алкохолизирање и најважно злоупотреба на дрога која е огромна опасност кај младите. Но, ги охрабри и граѓаните поактивно да пријавуваат и алармираат можни нарушувања на јавниот ред и мир во МВР.

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше дека се преземаат низа мерки и активности за зголемување на безбедноста на граѓаните и дека се работи на превентивен, но и на репресивен план и рече дека според статистиките сето тоа дава резултати.

„Во првите осум месеци од оваа година имаме намалување на криминалитетот за 10,6 проценти во однос на првите осум месеци од минатата година. Но се разбира продолжуваме со интензивни мерки и активности за да ги подобриме и овие бројки“, изјави Ангеловски.

По однос на пријавата за присуство на педофил и други девијантни однесувања од малолетници, Герасимовски информираше дека одржал средба со поголем дел на родители чии деца учат во ООУ „Коле Неделковски“ на која било договорено потпишување на петиција до ресорните министерства за внатрешни работи, труд и социјална политика и за образование и наука поради загриженоста за безбедноста на децата во реонот на Дебар Маало.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...