МАГАЗИН

Ќе има и трета сезона на серијата „И едноставно така…“

И покрај негативните критики, „Ејч-би-о макс“ ја потврди третата сезона од серијата „И едноставно така…“ („And Just Like That…“). На интернет има многу коментари. Има гледачи кои со нетрпение ги очекуваат новите епизоди, но и многумина со совети за сценаристите и за подобрување на серијата.

Така, Че – небинарниот лик е најчестата „цел за отстрел“. Се добива впечаток дека сите претпочитаат исфрлање на оваа личност со неодреден род (или пол) од приказната, на сметка на враќањето на Саманта – ѕвездата на „Сексот и градот“, како што се викаше оваа серија во 90-тите.

„Може ли да се ослободиме од Че?“, „Се надевам дека Саманта ќе се врати целосно“, „Ве молам, Че – не“, „Че го уништува шоуто“, „Повеќе Лиза, помалку Че“, „Во третата сезона, Ејдан и Кери нека бидат заедно“, „Обидете се да ги натерате Миранда и Стив да го поправат својот брак“ – гласат дел од коментарите.

Деновиве завршува втората сезона. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг го потврди снимањето на новата сезона од серијата.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

МАГАЗИН

Истражувања: Некои особини и одлики се наследуваат главно од мајката

Повеќето човечки особини се полигенски, што значи дека тие се одредени со...

МАГАЗИН

Црната боја – признак за привлечност, интелигенција, самодоверба, црвената асоцира на ароганција

Моќта на бојата на облеката што се носи е потврдена со истражување...

МАГАЗИН

„Чет-ГПТ 4о“ со најбрз превод досега

Новата верзија „Чет-ГПТ 4о“ е достапна за јавноста од пред неколку дена,...

МАГАЗИН

Морската сол делотворна против мрсна коса

Проблемот со мрсна коса е предизвикан од акумулацијата на тн. Себум –...