АКТУЕЛНО

За два дена собрани 300 кубни метри отпад од диви депонии

Во текот на изминатите два дена, ЈП „Комунална хигиена“ чистеше диви депонии од кои се подигнати 300 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад.

Активностите се одвиваа во општината Карпош, во населеното место Злокуќани, на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, како и во општината Бутел на улицата Радишанска и во непосредна близина на пазарчето.

Екипите на претпријатието во текот на минатата ноќ интервенираа и на улицата Максут Садик во близина на Амбасадата на САД, каде што континуирано непрописно се одлага отпад на јавни површини. На посочената локација е отстранета уште една обемна дива депонија, по што е спроведено машинско миење со автоцистерни.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...

АКТУЕЛНО

Скопје деветта година дел од „The Distinguished Gentlmens Ride“

Урбаните моторџии традиционално и годинава за утре го имаат закажано хуманитарното дефиле...

АКТУЕЛНО

Францускиот институт со прва дигитална интерактивна изложба во Ист гејт мол

Францускиот институт во Скопје , во рамките на одбележувањето на 50-годишнината на постоењето...

АКТУЕЛНО

Денес, бесплатен влез во музеите

На овој ден музеите во земјата традиционално ги отворат своите врати и...