АКТУЕЛНО

ИЗБЕГНУВАЈТЕ ГО ОВОЈ ДЕЛ ОД ГРАДОТ: Колони и чекање и до 30 минути

Секојдневно граѓаните се соочуваат со огромни гужви од автомобили и камиони кој го блокираат потегот кон Клиничката болница Систина и Визбегово.

Поради асфалтирање на кружниот тек и изведба на градежни работи, чија цел е да разбие тесното грло во сообраќајот на овој дел од градот, оневозможено е движењето по двете коловозни ленти, по што граѓаните мораат да се движат од едната страна по една лента.

Иако има ненормални гужви и се чека и до половина час да се помине овој дел од градот, никому не му е грижа ниту пак има сообраќаен полицаец кој ќе помогне сообраќајот да се движи побрзо.

„Несфатливо е зошто работните активности се извршуваат во текот на денот за време на високи температури и зголемен сообраќај, а за време на викендите не се работи“, револтирано изјави С.Ѓ.

Имено, на оваа клучна сообраќајница секојдневно поминуваат илјадници возила, како и товарни камиони.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...