АКТУЕЛНО

ЈАКИМОВСКИ ЗА ДУП-ОТ КАЈ СТУДЕНТСКИ ДОМ: Лажат дека ќе се градат 5 згради, булеворот постои уште од Кензо Танге

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски утрово во обраќање во живо до граѓаните ги презентираше новините и измените во новиот ДУП за ЈО3 блок 2 со што најостро ги демантираше лагите дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради.
„Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место. Такво нешто не постои во планот. Не можам да се начудам до каде одат лагите и манипулациите на некои граѓани, рече градоначалникот. Чиста лага е и дека нас ни текнало да нацртаме „аутострада“ со која ќе ги уништиме парковите, зеленилото, детски игралишта. Замислете, тие ме обвинуваат дека сакам да ги срушам фонтаната, игралиштето, клупите, зеленилото кои јас сум ги направил. Немојте да ги слушате тие што сакаат да ве лажат“, порача Јакимовски.
Градоначалникот исто така презентираше три претходни ГУП-ови во кои јасно се гледа дека во сите нив е планиран булеварот Теодосиј Гологанов и при тоа ги образложи позитивните измени во новиот ДУП.
„Булеварот Теодосиј Гологанов го проектирал Кензо Танге, и сите градоначалници наваму го следеле неговиот план. Во претходниот ГУП овој булевар беше предвиден со профил од 78 метри. По наше инсистирање кај тогашниот градоначалник Коце Трајановски во новиот ГУП од 2012 година профилот на булеварот беше намален на 60 метри. Со овој ДУП како позитивна промена исто така предвидени се три влеза и излеза во булеварот, за разлика од досега каде има само еден“, потенцираше Јакимовски.
Денешната седница на која на дневен ред беше точка за усвојување на планот беше прекината. Градоначалникот Јакимовски ги повлече сите точки од дневен ред и ги повика граѓаните кои беа во салата да дојдат во општината да им се објаснат измените, за да видат дека се изманипулирани од поединци.

Leave a comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Related Articles

АКТУЕЛНО

ПОЦ: Санкционирани 191 непрописно паркирано возила

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и Општина Центар, во соработка со Сообраќајната...

АКТУЕЛНО

Десет приказни за времето, луѓето и прекинатите врски

Уличниот фестивал “Статуафест – Прекинати врски/Broken relationship”, изминатите три дена ја размрда...

АКТУЕЛНО

Уметничка акција за проблемот со јавните тоалети во Скопје

Уметникот Озбек Ајваз кај фонтаната вчера во Градскиот парк во Скопје, го...

АКТУЕЛНО

Стопанска Триоги триатлон трка во Скопје, утре ќе има посебен режим на сообраќајот

Вкупно 300 учесници од шест земји се пријавени за 4. Стопанска Триоги...